Комеморација во болница Плодност за трагично загинатиот медицински персонал

Во 12 часот напладне, во Болницата Плодност се одржа комеморативен настан за трагично загинатите наши медицински лица, примариус д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, кои вчера го загубија животот во сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола, доаѓајќи на своите работни места. Комеморацијата започна со едноминутно молчење во чест на загинатите колеги.

Главната медицинска сестра Ребека Алексовска говореше за ликот и делата на загинатите, поединечно за сите, истакнувајќи ја нивната професионалност во работата, но и приватниот дел како одлични родители, татковци, сопрузи, ценети кај сите вработени во болницата.

„Ние загубивме колеги, пријатели, блиски, стручни и ценети професионалци, загубивме дел од нашето Плодност семејство. Тројцата наши соработници од Прилеп, кој секојдневно патуваа на своите работни места во нашата болница, за жал прерано ги згаснаа животите“, рече Алексовска.

Таа прочита дел од стотиците телеграми, писма и пораки кои пристигна во болницата, од Битола, Прилеп, Македонија, Европа, од поранешни вработени, пациенти, пријатели на загинатите.

Синот на д-р Александар Ристески, преку порака и се заблагодари на Болница Плодност за најсреќните работни години кои неговиот татко ги поминал во болницата опкружен со љубов од колегите и пациентите, така што за него воопшто не било терет секојдневното патување до Битола.

Примариус д-р Таше Трпчевски, не успеа да ги надвладее емоциите и низ солзи се прости од своите колеги.

„Ми се чини дека во мојот живот не сум имал ваква тешка задача да го одржам овој мемоморијал говор и не би салал да се повтори никогаш. Претрпевме тешка загуба од прераната смрт на нашите колеги, а ова го зборувам во името на сите вработени. Немаме зборови да ја искажеме нашата тага. Велат дека смртта не боли, но боли празнината, тагата и болката за згаубениот. Боли тоа што никогаш повеќе нема да ги видиме. Ова огромна штета за нивните семејства, огромна штета за нас, огромна штета за нашите пациенти. Тие си отидоа, но нивните племени души ќе останат во нашите срца, ќе бидат со нас и ќе запаметиме во нивнита огромна грижливост во работата. Иако ги загубивме, мислам дека беше привилегија и искажувам благодарност што бевме дел од нивните животи. Нивните души нека останат во мир, а ние ќе ги чуваме во нашите срца“ рече примариус д-р Таше Трпчевски.

На комеморација присуствуваше и зборуваше градоначаникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој како доктор, постети на неговото пријателство и соработка на професионален план со Александар Ристески.

,

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни