Комбе со новинари на Плетвар во снежна драма!

Новинарите сведочат: „Само присебноста на возачот не спаси од снежна лавина врз возилото“

На планинскиот премин Плетвар, каде што снежните врнежи создадоа вистински хаос, комбето кое превезувало новинари едвај избегнало сериозна несреќа. Според сведочењата, камион чистач на „Македонија пат“ ги претекнувал на полна линија со спуштени ножеви, фрлајќи големи количества снег и мраз врз нивното возило.

„Се слушна страшен звук, помисливме дека сме во сообраќајка. Целосно изгубивме видливост. Возачот остана присебен и избегна трагедија,“ изјавија новинарите.

На Плетвар моментално има забрана за тешки товарни возила поради обилните врнежи од снег. Новинарите се враќале од неизборното собрание на ЗНМ во Скопје кога инцидентот се случил.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни