Во разговор за Трн, Бранислав Николов и Пеце Николовски од Фолтин низ смеа зборуваат за комарците кои, според нив, не им недостигаат – затоа што веќе се „дружат долго време“.
Покрај инсектите, инспирација им била и добрата пастрмајлија, публиката и концептот со две бини и динамично префрлање „кат-кат“ – со зборови на Николов: „многу филмски, многу адреналински“.

Ристо Вртев пак, ја донесе својата препознатлива искреност: „Музиката што ја правам не е академска, не е пасторална, туку урбана, на градовите. За човек од 65 години без пензија, ова е огромен успех“. Според него, вечерта беше „уметнички најквалитетна“, но забележа дека „можда кичот владее“.

Комарци или не – Д Фестивал се врати силно, во нова локација и со старата страст.