Слични упатства беа издадени и за опозиционерите Здравко Понош и Александар Оленик, но судиите кои ги водеа тие случаи одлучија да не ги спроведат.
Во изјава за ТВ Нова, репортерот Жељко Вељковиќ истакна дека ситуацијата во Србија станува сѐ позагрижувачка, особено бидејќи претседателот на државата, иако формално не е дел од судската власт, јавно најавува кого и зошто треба да апсат.
Илиќ требаше да помине 48 часа во притвор, по наредба на обвинителката Марица Арсеновиќ од Третото основно јавно обвинителство во Белград. Тој беше приведен поради следнава изјава дадена во емисијата „Покрени се“ на 29 март:
„Имате избор – или ќе им ги отворите вратите на тие луѓе да се повлечат, а отворањето врати е и таа преодна Влада, или ќе се помирите со тоа дека ќе тече крв по улиците, дека ќе изгубиме не знам колку животи и не знам чии животи, за да се ослободиме од нив.“
Обвинителството го оцени ова како „предизвикување паника“. Меѓутоа, истото обвинителство не реагираше на објавите со закани за граѓанска војна што ги објавуваше весникот Информер или на драматичната порака од 2020 година во која претседателот Вучиќ предупредуваше дека „нема да има доволно места на гробиштата“.
Во меѓувреме, поради објава на инженерот Зоран Ѓајиќ во која наводно се повикува на смртна казна за претседателот, издадено е наредба за негово апсење. Слични наредби биле издадени и за политичарот Понош и адвокатот Оленик – кои, според Оленик, се мета само затоа што се против моменталниот режим.
„Овие апсења имаат само една цел – да се исплашат, замолчат и скратат сите кои можат да придонесат за создавање на единствен фронт против власта“, вели Оленик.
Тој додава дека пораката на претседателот, упатена до полицијата и обвинителите, дека ќе бидат сменети ако не го „бранат поредокот“, делува заканувачки и претставува притисок врз правосудството.
Обвинителот Предраг Миловановиќ потсетува дека претседателот нема надлежност за кривичен прогон и дека ваквите изјави не се во согласност со уставната поделба на власта.
„Но, од самиот почеток на студентските протести па досега, реакцијата на претседателот беше секогаш иста – па што“, заклучува Вељковиќ во својата репортажа.