Колумбиска армија убила девет бунтовници во операција блиску до границата со Венецуела

Нападот е дел од интензивната кампања на претседателот Петро против вооружените групи вклучени во трговијата со кокаин

Најмалку девет бунтовници се убиени во воздушната операција на колумбиската армија извршена во близина на границата со Венецуела.

Нападот врз североисточниот департмент Арука уследи откако пред неколку дена армијата елиминира 19 бунтовници во југоисточниот дел на Колумбија.

Претседателот на Колумбија, Густаво Петро изминатиот период ги интензивираше нападите врз вооружените групи, вмешани во трговијата со кокаин.

Двете бунтовнички групи, предводени се од Иван Мордиско – псевдоним на најбараниот криминалец во земјата, се цел на колумбиската армија. Мордиско е поранешен припадник на Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК), кој во 2016 година го отфрли мировниот договор со Богота и одби да се разоружа.

САД неодамна воведоа санкции против Петро и неговите соработници и ја и го одзедоа статусот на Колумбија – сојузник во борбата против трговијата со дрога, истакнувајќи оти левичарската Влада не прави доволно за да го ограничи производството на кокаин.

Петро тврди дека безбедносните сили ги користат сите можни средства за борба против вооружените групи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни