Во Скопје веќе се прават колони од возила пред бензинските пумпи

За помалку од половина час по објавата на новите цени, возачите почнаа да брзаат да наполнат резервоари пред полноќниот скок. Владата не ги активираше механизмите за заштита на граѓаните.

За помалку од половина час откако РКЕ ја објави денешната одлука – дизел плус 14,50, бензин плус 5 денари по литар – на дел од бензинските пумпи во Скопје почнаа да се создаваат редици. Возачите брзаа да наполнат резервоари по сегашните цени, пред новите да влезат во сила во полноќ. Метежот, чекањето и зголемената фреквенција на возила ја покажаа првата, непосредна реакција на ценовниот шок.

Владата не ги искористи механизмите кои стојат на располагање за заштита на граѓаните во вакви ситуации – привремено намалување на акцизата, субвенционирање на дел од трошокот или воведување на ценовен таван. Ниту еден од тие инструменти не беше активиран пред денешната одлука, иако поскапувањето на светскиот пазар беше видливо уште минатата недела.

Новите максимални цени важат од полноќ: бензин БС-95 на 79,50 денари, еуродизел на 85,50 денари по литар. Следната одлука на РКЕ доаѓа во понеделник, 16 март – кога во пресметката ќе влезе и денешното движење на нафтата над 100 долари за барел.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни