Недостигот од пилоти влијае на неколку авиокомпании. Во Европа, пилотите се меѓу највисоко платените професионалци. Швајцарската национална авиокомпанија, SWISS, објави дека ќе откаже околу 1.400 летови до октомври поради тековниот недостиг на пилоти.
Колку заработуваат пилотите?
Станувањето пилот е сон за многумина, но оваа кариера носи и значителни финансиски трошоци. Според SWISS, трошокот за обука на пилот може да достигне околу 150.000 евра.
Но, колку всушност заработуваат пилотите? Какви се платите на пилотите во Европа?
Голем распон на плати според искуството
Платите на пилотите варираат во голема мера, најмногу зависно од искуството. На пример, во Велика Британија, годишната бруто плата за почетници е околу 54.283 евра, додека за искусни пилоти може да достигне и до 173.243 евра, според Британската национална служба за кариери.
Искуството има значаен влијание – пилотите со повеќе од осум години искуство често заработуваат 60-80% повеќе од оние со 1-3 години искуство, според податоци од Economic Research Institute (ERI).
Тоа покажува дека искусните пилоти може да заработуваат повеќе од три пати од почетниците.
Просечни плати по земји
Според ERI, од јуни 2025, просечните годишни бруто плати за авиопилоти во 17 европски земји се движат од 32.299 евра во Романија до 113.672 евра во Швајцарија.
Велика Британија
Според Office for National Statistics, медијаната на годишните приходи за „авиопилоти и контролори на воздушен сообраќај“ е околу 95.240 евра (април 2024). ERI ги проценува просечните плати за пилоти на 90.253 евра, а во Лондон тие достигнуваат 115.562 евра.
Германија
Според Федералната статистика, просечната месечна плата за авиопилоти во април 2024 е 12.566 евра, или 150.792 евра годишно. Медијаната е 10.207 евра месечно (122.484 евра годишно). Платите варираат од 73.785 евра за почетници до 132.117 евра за искусни пилоти.
Франција
Според INSEE, просечната месечна плата во 2023 за категоријата во која спаѓаат пилотите е 9.300 евра, односно 111.600 евра годишно. ERI дава просечна плата од 87.903 евра, која расте на 109.292 евра за искусни пилоти.
Шведска
Просечната месечна плата за пилоти е 6.492 евра (77.904 евра годишно). ERI дава плата од 80.822 евра, со почетни плати околу 56.125 евра и до 100.499 евра за искусни пилоти.
Плати во Западна и Северна Европа
Според ERI, земјите од Западна и Северна Европа имаат повисоки плати. Белгија е на второ место со 110.424 евра, а Ирска третa со 108.007 евра. На пример, пилотите на ирската нискобуџетна авиокомпанија Ryanair можат да заработат до 180.000 евра годишно.
Плати над 100.000 евра има и во Австрија и Холандија, а Финска нуди околу 96.000 евра.
Италија и Шпанија
Нема официјални податоци, но ERI проценува дека платите се околу 80.427 евра во Италија и 77.269 евра во Шпанија.
Источна и Јужна Европа
Платите генерално се пониски, иако Италија и Шпанија се релативно повисоко. Во Португалија просекот е 60.054 евра, во Грција 56.523 евра, а искусните пилоти заработуваат околу 70.000 евра.
Во Полска и Чешка платите се околу 50.000, односно 48.000 евра. Во Романија платите се најниски – 32.299 евра, но искусните пилоти можат да заработат до 40.000 евра годишно.
Плати во пораст поради недостиг
Според BAA Training Aviation Academy, платите на пилотите растат поради глобалниот недостиг. Консултантската фирма Oliver Wyman проценува дека до 2032 година може да недостигаат 80.000 пилоти во светот, од кои 19.000 во Европа.
Пилоти меѓу највисоко платените професии
Во Франција пилотите се петти по просечна месечна плата. Во Германија, пилотите со најсложени улоги се највисоко платени со 28.096 евра месечно. Во Велика Британија и Данска исто така се во врвот по заработка.