Колку заработи Том Круз за затворањето на Летните олимписки игри во Париз?

Актерот Том Круз беше ѕвезда на затворањето на Летните олимписки игри во Париз, но колку заработи тој за своето појавување?

Том Круз (62) добил нула долари за каскадерската изведба на церемонијата на затворање на Олимписките игри во Париз со драматичната музика од филмот „Невозможна мисија“, пренесуваат американските медиуми.

Кејси Васерман, претседател на Организацискиот одбор за Игрите во Лос Анџелес во 2028 година, зборуваше за тоа за ТВ CNBC.

„Се одеше вака: Том го заврши снимањето на „Невозможна мисија“ во 18 часот во Лондон, се качи во авион, слета во Лос Анџелес во четири часот наутро и ја сними сцената каде што се качува во воениот авион“, рече Васерман за Круз.

Потоа, на 11 август, на церемонијата на затворање во Париз, Том Круз се спушти со јаже од покривот на трибината на теренот на стадионот Стад де Франс, а потоа низ стадионот се возеше со мотоцикл со знамето на Олимписките игри. Потоа преку Париз, по што сцените претходно снимени во САД се емитуваа на екраните како да се случуваат токму сега.

Во видеоот, Круз се качува на воен товарен авион во Париз, излегува со падобран од него и слетува до познатиот џиновски знак „Холивуд“ во Калифорнија. Примопредавањето на знамето на МОК беше завршено кога скејтбордерот Џагер Итон го одзеде од Круз и со него пристигна на сцената на плажата „Венис Бич“ во Лос Анџелес, каде настапија „Ред Хот Чили Пеперс“, Били Ајлиш, Снуп Дог.

Вазерман додаде дека Круз бил многу ангажиран, но и дека се направил бесплатно. Кажува дека поради тесниот временски прозорец планот бил Круз да сними само дел од инсертите, односно предавањето на знамето кај знакот Холивуд, а останатите сцени да бидат снимени од каскадер.Круз го прифатил сценариото, но со еден услов.

„Прифаќам! Но, тоа ќе го направам само ако направам сè“, рече Васерман, додавајќи дека Круз рекол дека ќе направи се сам, но бесплатно.

Така ѕвездата на „Топ Ган“, која постојано беше на Олимписките игри во Париз, ја воодушеви публиката на свеченото затворање на 11 август и пред телевизиите ширум светот.

Најново

Последни колумни