Колку заработи новиот шампион во Формула 1, Ландо Норис?

Ландо Норис и Мекларен однесоа голема победа на трката во Абу Даби, кога младиот возач стана светски шампион.

По невидена драма за време на трката во Абу Даби, Ландо Норис стана новиот шампион во Формула 1.

Наградата од 140 милиони долари е наменета исклучиво за Мекларен како шампион во редот на конструктори, додека ФИА не издвојува посебна сума пари за титулата во редот на возачи.

Ландо Норис, затоа, ја добива само сумата предвидена во неговиот договор со Мекларен, кој содржи и посебна клаузула во случај на освојување на шампионската титула. Оваа сезона, Норис заработи вкупно 47 милиони долари преку договорот со тимот, и се очекува дека веднаш ќе започне преговори за нова соработка, бидејќи сегашниот договор истекува во 2027 година, пишува Спорт Ало.

Гореспоменатите 140 милиони долари ги покриваат бонусите и платите на сите членови на тимот, од механичари до возачи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни