Колку заработија најуспешните музичари од турнеите оваа година?

Десетте најуспешни музичари оваа година заедно заработија над три милијарди долари од нивните турнеи, но кој заработи најмногу?
Фото: Eva Rinaldi, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Според податоците на Форбс во периодот од 1 јануари до 31 август 2024 година, од својата светска турнеја најмногу заработи мегаѕвездата Тејлор Свифт, но погледнете ги топ 10:

10. U2

U2 се познати по своите спектакуларни концерти и посебна продукција. Нивната турнеја го обележан враќањето на ирскиот бенд на сцената. Во првите осум месеци од 2024 година тие заработија 51 милион долари

9. Лук Комбс

Лук Комбс е познат по своите кантри хитови, а на турнејата оваа година ги промовираше своите албуми, носејќи автентичен кантри звук низ Америка. Тој заработил 54 милиони долари.

8. Џастин Тимберлејк

Турнејата на Тимберлејк се фокусираше на неговите хитови низ годините, вклучувајќи ги поп хитовите што ја обележаа неговата соло кариера. Неговите концерти се познати по огромната енергија и иновативната сценска продукција. Тој заработи 55 милиони долари.

7. Мадона

Турнејата на Мадона е прослава за четирите децении на сцената. Таа е смислена да ги прикаже нејзините најголеми хитови и револуционерни настапи кои влијаеја на поп музиката. Мадона заработи 63 милиони долари.

6. Bad Bunny

Латино ѕвездата Bad Bunny продолжува да ги освојува светските сцени со своите регетон хитови. Оваа турнеја го направи еден од најважните во латино музиката на денешницата. Тој заработи 76 милиони долари.

5. P!nk

 Турнејата на пејачката Пинк ѝ донесе на публиката акробатски настапи и моќни изведби. Со турнејата таа го промовира својот нов албум, но вклучува и познати хитови што ѝ донесоа заработка од 87 милиони долари.

4. Брус Спрингстин

Брус Спрингстин и неговиот E Street Band одржуваат концерти со полна енергија и страст. Во турнејата изведуваат класични песни, но и нов материјал, привлекувајќи широка публика која им донесе 101 милион долари.

3. Зек Брајан

Американскиот кантавтор Зек Брајан е познат по неговите емотивни текстови и изведби. Неговата турнеја предизвика огромен интерес, со што стана еден од најуспешните изведувачи на кантри и фолк музика оваа година. Тој заработи 113 милиони долари.

2. Coldplay

Coldplay се познати по своите импресивни визуелни ефекти и интерактивни настапи. На овогодинешната турнеја бендот го промовира нивниот албум, а концертите вклучуваат спектакуларни светлосни ефекти и ангажман на публиката. Тие заработија 131 милион долари.

  1. Тејлор Свифт

Најпрофитабилна турнеја за 2024 година има Тејлор Свифт со The Eras Tour, посветена на нејзините различни музички ери низ годините. Оваа турнеја стана културен феномен, привлекувајќи обожаватели ширум светот и соборувајќи рекорди во продажбата на билети. Свифт од турнејата оваа година заработи 400 милиони долари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни