Колку време му е потребно на црниот дроб да се опорави од алкохол?

За време на новогодишните празници алкохолот е честа појава, но прекумерната консумација може сериозно да го оптовари црниот дроб. Дознајте колку време му е потребно за опоравување и кои се ризиците.

За време на новогодишните празници, поголемиот дел од луѓето посетуваат разни дружења и прослави, каде што консумирањето алкохол се подразбира.

Без разлика дали станува збор за дружење со пријатели, чаша пиво со ручек или неколку чаши варено вино, алкохолот за многумина е неразделен дел од празничната атмосфера. Додека се опуштаме со остатоците од празничната трпеза, лесно е да посегнеме по уште една чашка, но таквото претерување никогаш не е добро за нашето здравје.

Доколку вечерва, за новогодишната ноќ, планирате да се опуштите со поголеми количини алкохол од вообичаено, има неколку важни работи што треба да ги знаете.

Прекумерната консумација на алкохолни пијалаци може да предизвика симптоми како што се: мачнина, губење на апетит и телесна тежина, пожолтување на кожата и очите, отекување на глуждовите и стомакот, поспаност, па дури и повраќање крв.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни