Често може да чуеме дека во денот треба да испиеме два литра вода, но количината на вода што треба да ја консумираме зависи од повеќе фактори, како полот, годините, телесната тежина, нивото на физичка активност и околината во која живееме.
Според нутриционистката Марина Макиша, клучно е да знаеме колку вода трошиме и колку ни е потребно.
„Својата тежина помножете ја со 30. Добиениот број поделете го со 1000 и ќе добиете број пој покажува отприлика колку течност му треба на вашето тело“ објаснува таа.
Со течностите не е добро ни да се претерува. Тоа ги оптеретува бубрезите, го тера срцето да работи побрзо и го зголемува ризикот од труење со вода.
„Преголеми количини на течности дополнително ги оптеретуваат бубрезите кои мораат повеќе да филтрираат. Освен тоа, ако редовно ја надминувате нормата, може да го зголемите волуменот на крв која циркулира, што доведува во зголемена работа на срцето и зголемен крвен притисок“ објаснува Макиша.
Ако се сомневате дали пиете премногу вода, симптомите за тоа се надуеност, отечени раце и стапала, мачнина, главоболка и грчеви во мусклулите.
Центарот за контрола и превенција на болести од САД советува дека не треба да пиеме повеќе од 1,4 литри вода (или било кој друг пијалак) во еден час.
Извор: Index.hr