Колку треба да трае идеалниот сексуален однос? Научно истражување го има одговорот

Колку долго е идеалното траење за еден сексуален однос? Оваа тема е доста честа дискусија ширум светот, но беше и мотивација за едно научно истражување.

Компанијата ZipHealth спроведе анкета во која учествуваа илјада луѓе од Велика Британија и САД.

Учесниците во истражувањето изјавиле дека се најзадоволни кога односот трае околу 35 минути, пишува New York Post.

„Сексуално задоволните Американци и Британци претпочитаат сексот да трае околу 35 минути, вклучувајќи предигра и гушкање потоа“, велат експертите на ZipHealth.

Таа минутажа се распределува на следниов начин: предигра 15 минути, однос 5 минути, галење по однос 15 минути.

Според резултатите од истражувањето, паровите кои издвојуваат дополнителни пет минути на предигра доживуваат повеќе женски оргазми. Исто така, истражувачите откриле дека 36% од луѓето претпочитаат секс во текот на ноќта, а 39% од луѓето велат дека можат да издржат подолго ноќе.

Исто така, експертите од ZipHealth ги советуваат паровите, особено оние во нивните 20-ти, да имаат секс најмалку на секои четири недели за да ја подобрат својата врска и личното здравје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни