Колку треба да пешачите за да изгубите еден килограм масти?

Губењето на 1 килограм телесна маст не е прашање на една прошетка или прескокнување на вечерата. За да се ослободите од толку масти, треба да потрошите околу 7.000 до 7.700 калории повеќе отколку што внесувате – што е сериозен енергетски дисбаланс.

Колку калории согоруваме зависи од:

  • полот и возраста (машките и помладите согоруваат повеќе)
  • телесната тежина (поголема тежина = поголема потрошувачка)
  • типот и интензитетот на активноста

За личност тешка 70 кг, потрошувачката изгледа вака:

  • Пешачење (5 км/ч): 330–370 kcal/час
  • Брзо пешачење (6–8 км/ч): околу 500 kcal/час
  • Пешачење по угорнина: 400–700 kcal/час
  • Трчање (10 км/ч): 700–800 kcal/час
  • Трчање по скали: до 819 kcal/час
  • Возење велосипед (15–20 км/ч): околу 500 kcal/час
  • Брзо возење велосипед (22–25 км/ч): до 735 kcal/час
  • Пливање (брз ритам): околу 590 kcal/час
  • Планинарење: околу 438 kcal/час
  • Скокање со јаже: дури 861 kcal/час

Колку време е потребно за да се согори 1 килограм масти?

  • Пешачење со умерено темпо: околу 20 часа
  • Трчање: 9–10 часа
  • Велосипедизам: 14 часа
  • Пливање: 12 часа
  • Скокање со јаже: 8 часа или помалку

Секако, не мора (ниту треба) сето ова да го правите одеднаш. Најдобро е активноста да се распредели во текот на неделата, според вашата кондиција и здравје.

Најефикасна стратегија? Комбинација од исхрана и движење:

  • Намалете 500 калории дневно преку исхрана
  • Согорете уште 500 преку вежбање

Со ваков пристап, ќе губите околу 1 килограм неделно – здраво, одржливо и без екстремни диети или претерување со вежбање.Tools

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни