Производителите често тврдат дека ваквите светла ќе траат колку и самиот автомобил, но истражувањата покажуваат дека тоа не е сосема точно.
Според анализата на германскиот автомобилски клуб ADAC, ЛЕД фаровите во просек издржуваат околу 15 години, што е пократко од просечниот животен век на автомобилите во Европа – во Германија, тие при последната регистрација обично се стари околу 18 години. Тоа значи дека фаровите, иако издржливи, не се трајни како што производителите сакаат да прикажат.
Зошто е скапa замената на ЛЕД фаровите
Главниот проблем лежи во дизајнот на ЛЕД системите. Наместо едноставна замена на сијалица, кај повеќето возила мора да се менува целиот склоп на фарот, бидејќи ЛЕД диодите се интегрирани во сложен електронски модул.
Токму тоа ја прави поправката екстремно скапа – кај ЛЕД Matrix фаровите цената на замена може да надмине 3.000 евра, што е повеќе од вредноста на некои постари автомобили.
Експертите бараат од производителите да развијат поправливи и подолготрајни ЛЕД компоненти, кои би овозможиле поефикасна и поевтина замена, без потреба од целосен нов склоп.
Иако ЛЕД фаровите несомнено нудат подобра видливост и пониска потрошувачка на енергија, нивната цена при дефект потсетува дека и најсовремената технологија може да има своја висока цена.
Извор: N1info.rs