Search

Колку седење е премногу седење?

 Истражувачите сугерираат дека 120 до 180 минути седење е прагот за предолго седење и предупредуваат дека долгото седење може да предизвика проблеми со срцето, но и други бројки здравствени проблеми, објави Би-Би-Си.

Епидемиологот Џереми Морис уште во 1953 година откри дека возачите на автобуси во Лондон имаат двојно повеќе шанси да развијат срцева болест отколку кондуктерите.

Причината за тоа е што од кондуктерите се барало да бидат на нозе и редовно да се качуваат на скалите на лондонските автобуси за да ги проверуваат картите, додека возачите седеле.

Неговата значајна студија ја постави основата за истражувањето на врската помеѓу физичката активност и коронарното здравје. Иако кондуктерите на лондонските автобуси сега се минато, резултатите на Морис се се уште релевантни.

Од почетокот на пандемијата на корона вирусот, многумина останаа да работат од дома, што веројатно го зголемува колективното време на седење. Продолженото седење е облик на седентирано однесување, кое се карактеризира со намалена потрошувачка на енергија, што пак се поврзува со поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и преран морталитет. Поради тоа времето кое го поминуваме седејќи е идентификувано како независен фактор во здравствената состојба.

Од 2010 година истражувачите сакаа да покажат дека седентарното однесување се разликува од недостатокот на физичка активност и укажуваа дека луѓето може да вежбаат доволно во текот на денот и предолго да седат. Примарната хипотеза зошто предолгото седење е поврзано со кардиоваскуларните болести е зголемената васкуларна дисфункција, особено во нозете.

Васкуларниот систем е одговорен за одржување на крвта и лимфните течности, како дел од имунолошкиот систем.

Физиологот од Институтот за физичка активност и исхрана од Универзитетот Деакин во Мелбурн, Дејвид Дастин ги истражувал ефектите на предолгото седење, тврдејќи дека тоа доведува до намалена мускулна активност.

Комбинираниот ефект на намалената мускулна активност, помалата метаболичка побарувачка и гравитационите сили го намалуваат периферниот проток на крв во мускулите на нозете, што може да доведе до собирање на крв во листовите.

Најново

Последни колумни