Иако три жени се на врвните позиции во европските институции, сепак само Словенија, Косово, Северна Македонија и Грција имаат жени претседателки.
Покрај нив, има само пет жени премиерки во Европа, а 15 земји никогаш немале премиерка или претседателка на државата. Сепак, има доста жени кои владееле со државите како дел од монархиите, објави Euro News.
Што се однесува на уделот на жените во парламентите низ Европа, жените сè уште се недоволно застапени. Освен во Андора, каде што процентот е 50/50, Скандинавија е регионот со најголем удел на жени пратенички. Финска беше првата земја која избрала жени пратенички во 1907 година. Исландската Вигдис Финбогадотир, која во 1980 година стана првата жена избрана за претседателка, е симбол на правата на жените.
Нордиските и балтичките европски земји историски го водеа патот во вклучувањето на жените во политиката. Присуството на жените на врвни работни места станува сè поактуелно и на Балканот. Но, сепак, повеќето лидери и политичари се мажи.