Во последно време сè почесто се поставува прашањето за безбедноста на кујнскиот прибор, особено на пластичните даски за сечење.
Извештаите за присуство на микропластика во храната, водата, па дури и во воздухот, ги поттикнаа многумина да ги преиспитаат материјалите што секојдневно ги користат.
Еден од предметите што се најдоа под лупа е токму практичната пластична даса — неизбежна алатка во многу домаќинства, пишува The Kitchn, пренесува Index.hr.
Колку микропластика ослободуваат пластичните даски за сечење?
Нова студија објавена во списанието Ecotoxicology and Public Health ја анализирала количината микропластика што се ослободува од две видови пластични даски — едни направени од полипропилен, а други од полиетилен.
Резултатите покажале дека при сечење морков на овие даски, на храната се пренеле дури 1.114 честички микропластика, дефинирани како делови од пластика помали од пет милиметри.
Пресметано, тоа значи дека една пластична даса за сечење може да произведе околу 15 милиграми микропластика по употреба, што на годишно ниво изнесува приближно 50 грама — еквивалентно на масата на десет пластични кредитни картички.
Дали тоа претставува ризик за здравјето?
Иако првичните податоци звучат загрижувачки, науката што го проучува влијанието на микропластиката врз човековото здравје сè уште е во рана фаза.
Доказите покажуваат дека микропластиката може да се најде во нашата крв, бели дробови, па дури и во плацентата.
Истражување на животни спроведено во 2022 година во Јужна Кореја открило дека микропластиката може да го наруши функционирањето на дигестивниот, респираторниот, ендокриниот и репродуктивниот систем.
Сепак, експертите повикуваат на претпазливост при толкување на резултатите. Алекс ЛеБо, доктор на науки и сертифициран индустриски хигиеничар, истакнува дека студијата за даските за сечење докажува ослободување честички, но не и нивната конкретна штетност врз човековото здравје.
