Колку поеколошко авиогориво толку поскапи летови

Во извештајот се наведува и дека трошоците за создавање шеми за неутрализирање на јаглеродот и постигнување нула отрови во воздухот, исто така, ќе ги зголеми трошоците на авиокомпаниите.

Иноваторите за декарбонизирање на воздушниот сообраќај веројатно ќе ги зголемат цените на билетите и ќе одложат дел од летовите, вели дел од воздухопловната индустрија во Обединетото Кралство.

Според Sustainable Aviation, мерките како што се преминувањето кон одржливо воздухопловно гориво кое ќе има повисока цена „неизбежно ќе ја намалат побарувачката на патници“. Сепак посочуваат дека и покрај малку повисоките цени на билетите, луѓето кои имаат потреба сепак ќе летаат. Според проценките до 2050 година се очекува годишната бројка на патници да достигне 250 милиони.

Sustainable Aviation е сојуз на компании вклучувајќи авиокомпании како Бритиш Ервејс, аеродроми како Хитроу и производители како Ербас. Од таму посочуваат дека одржливото воздухопловно гориво (Saf) ќе биде клучен дел во намалувањето на штетни емисии од гасови кои ги создава индустријата. 

Saf се произведува од одржливи извори како што е земјоделскиот отпад и ги намалува емисиите на јаглерод за 70% во споредба со традиционалното гориво за авиони. Сепак, во моментов е неколку пати поскапо за производство.

Меѓу другото во извештајот се наведува и дека трошоците за создавање шеми за неутрализирање на јаглеродот и постигнување нула отрови во воздухот, исто така, ќе ги зголеми трошоците на авиокомпаниите.

Директорот за одржливост на аеродромот Хитроу, Метју Горман – кој претседава со Sustainable Aviation – рече дека оваа „зелена премија“ ќе има „одредено влијание врз идната побарувачка“ за авионски патувања. Но, тој додаде дека индустријата сè уште може „значително да порасне“, бидејќи повеќето луѓе се „задоволни што плаќаат малку повеќе за да патуваат“.

Sustainable Aviation тврди дека потегот кон позелено патување претставува голема можност за Обединетото Кралство, кое ја има третата по големина глобална воздухопловна мрежа во светот.

За да може да функционира ваквиот иновативен систем на производство на еко гориво за авионите ќе се отворат пет нови производствени погони во Обединетото Кралство, при што владата ќе инвестира во нивниот развој.

Сепак, од Sustainable Aviation се загрижени дека инвеститорите ќе бидат привлечени во САД и остатокот од Европа со „значајни“ даночни олеснувања, а Велика Британија ризикува да претрпи загуби.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни