Според магазинот The Economist во 2017 година, Мараја Кери заработува околу 2,5 милиони долари секоја година поради оваа божиќна песна, додека New York Post пишува дека станува збор за три милиони.
И не само тоа, туку песната ѝ донесе дури 60 милиони долари кога првпат ја објави. А судејќи по сегашната статистика, се чини дека и годинава пристојно ќе заработи од неа.
All I Want For Christmas повторно влезе во топ 100 топ листите на Билборд, каде моментално се наоѓа на 16-то место. Само на 1 декември беше преслушана 8,2 милиони пати на Spotify, додека вкупната бројка низ годините е речиси две милијарди.
Нејзината песна не само што е една од најслушаните за време на празниците, туку е и меѓу оние со најмногу кавери. Самата Мараја Кери ја сними песната во дует верзија пред 13 години, каде и се придружи Џастин Бибер.
Поради успехот на песната, Кери неофицијално беше наречена кралица на Божиќ. Единствената песна за која може да се каже дека се натпреварува со неа е Last Christmas на групата Wham.