Поголема е веројатноста дека електричен автомобил ќе биде вклучен во незгоди со пешаци отколку со други автомобили, барем во споредба со дизел и бензински мотори. Од друга страна, електричните автомобили поретко се вклучени во статистиката на фатални несреќи, во споредба со автомобилите на дизел и бензин, според анализа на норвешката статистика (SSB).
Студијата, која опфаќа период од 2018 до 2023 година, се фокусираше на сообраќајни несреќи со повредени лица.
Податоците го земаат во предвид учеството на електричните автомобили во вкупниот возен парк и исто така ја земаат предвид количината на километри што електричните автомобили навистина ги поминуваат. Тоа значи, колку електрични автомобили навистина има на патиштата.
Според норвешката статистика, учеството на сообраќајни несреќи во кои учествувале електрични автомобили се зголемило повеќе од трипати помеѓу 2018 и 2023 година. Поточно, учеството на електрични автомобили во статистиката на несреќи пораснало од 7 на 25 проценти. Но тоа е пред сè заради фактот што бројот на електрични автомобили генерално се зголемил во истиот период. Учество на електрични автомобили во Норвешка за тие години пораснало од 7 проценти на 24 проценти. Додека нивното учество во вкупниот број на километри поминати на патиштата пораснало од 7 проценти на 28 проценти. Значи, зголемувањето на стапката на несреќи е пропорционално со бројот на електрични автомобили.
Меѓутоа, кога станува збор за тешки несреќи, постојат разлики. Електричните автомобили биле презастапени во несреќите со пешаци за време на истражувачкиот период, што укажува на посебен ризик во оваа категорија.
Фактот дека електричните автомобили се многу тивки, исто така, е предмет на многу дебати последниве години. Во 2019 година, поради оваа причина, станало услов да AVAS, што е акроним за Acoustic Vehicle Alert System, да мора да биде инсталиран во сите електрични автомобили. Системот емитува вештачки создаден звук кога електричниот автомобил се движи со брзина од 20 км/ч или повеќе.