Колку најдолго некој издржал без спиење?

Имаше период во 1950-тите и 1960-тите кога лишувањето од сон беше во мода. Трендот го започнаа радио водители кои се обидуваа да се надигруваат во екстремно опасни рекламни акробации, поради што рекордот за останување будни е многупати соборен.

Сепак, Гинисовата книга на рекорди реши да го прекине ова натпреварување, плашејќи се дека некој би можел да има сериозни проблеми поради недостаток на сон. Тогаш рекордот му припаѓал на професионалниот каскадер Роберт Мекдоналд, кој во 1986 година поминал болни 18 дена, 21 час и 40 минути без сон.

„Иако повеќе не го следиме рекордот поради вродените опасности поврзани со лишувањето од сон, можеме да кажеме дека не познаваме некој што го соборил овој рекорд“, објаснуваат од Гинисовата книга на рекорди.

Компанијата исто така тврди дека Мекдоланд немал долгорочни последици по непроспиениот маратон. Ако тоа е вистина, веројатно може да се смета за среќник бидејќи лишувањето од сон е поврзано со голем број негативни здравствени ефекти.

Според Johns Hopkins Medicine, тешкото лишување од сон ја зголемува шансата за развој на рак на дебелото црево, дијабетес и срцеви заболувања. Поминувањето премногу време буден може да го остаре мозокот за три до пет години и е поврзано со 33 отсто зголемен ризик од деменција.

Неодамнешните истражувања на глувци ја потврдија оваа загриженост со тоа што открија дека недостатокот на сон значително го намалува снабдувањето на мозокот со заштитен протеин наречен плејотропин (PTN). Како што се намалува нивото на PTN, невроните во хипокампусот почнуваат да умираат, што доведува до когнитивно оштетување и потенцијално предизвикувајќи невролошки заболувања како што е Алцхајмерова болест.

Поранешниот рекордер Ренди Гарднер, кој остана 11 дена без сон во 1964 година, рече дека тоа влијаело на неговата краткорочна меморија. Имал и проблеми со халуцинации, кои за среќа исчезнале.

И покрај бесмислените, но импресивни достигнувања на Мекдоналд и Гарднер, научниците сега мислат дека сите поранешни рекордери веројатно доживеале „микроспиење“ за време на нивните обиди да останат будни, во кое всушност заспале без воопшто да го сфатат тоа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни