Колку месеци треба да работите за да купите куќа во Европа?

На жителите на Данска им треба најкратко време за да заштедат и да си купат куќа

BestBrokers.com неодамна, во 62 земји во светот, ги проучувале цените на куќите, просечниот нето месечен приход, инфлацијата и „реалните“ каматни стапки на хипотеките, кои се хипотекарните стапки приспособени со инфлацијата

„Бидејќи цените и приходот значително варираат од една земја до друга, тимот на BestBrokers одлучи да го испита пазарот за недвижнини, односно колку месеци плата се потребни за да се купи дом во различни европски земји“, се вели во нивниот извештај.

Сепак, оваа проценка на BestBrokers е теоретска, бидејќи не се земени предвид трошоците за храна, сместување, грижата за деца и останатите трошоци.

Според нивните наоди, просечната цена на имот од 100 квадратни метри е еквивалент на 114 нето плати во Данска, рангирајќи ја северната земја како најприфатлива земја во Европа за купување дом.

Инаку, за сè друго, Данска во 2023 година, е рангирана како најскапа земја во ЕУ (според Евростат, цените за стоки и услуги биле 43% над просекот на ЕУ) со годишна просечна заработка рангирана како седма највисока во Европа.

Според овој извештај, Ирска и Шведска се втората и третата најприфатлива земја во Европа, со 123 и 129 нето плати, соодветно, што се доволни за купување дом од 100 квадратни метри. На дното на рангирањето во Европа се Чешка и Словачка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни