Пливањето е многу корисна активност за сите старосни групи, без разлика на кондицијата. Сепак, поради фактот дека пливачите во просек имаат повеќе поткожно масно ткиво од останатите спортисти, многумина свесно го избегнуваат пливањето.
Некои истражувања дури и докажуваат дека пливањето има најлош ефект на намалување на масното ткиво, споредено со одењето, трчањето или возењето велосипед.
Од друга страна, друга студија, спроведена во период од 11 недели докажува дека лѓето кои пливале по 40 минути, три пати неделно, изгубиле 2,4 отсто од масните наслаки со контролирана исхрана и со контролирана температура на водата.
Поради различните податоци, експертите советуваат дека треба внимателно да се анализира количината и интензитетот на дневните активности, како и потребата од храна по вежбањето.
Доколку вашето тело по пливањето не бара екстремни порции храна или можете да издржете и да не јадате, тогаш пливањето е вашиот медиум за вежбање, терапија и слабеење.
При пливањето телото се лади и бара заштита во храната, која, ако е во поголеми количини, се пренасочува во поткожна маснотија, која го загрева телото. Затоа најдобрите пливачи, поради интензивните тренинзи трошат огромни количини калории кои ги надохнадуваат со големи порции храна.
И прилично често, зависно од индивидуалниот метаболизам и генетиката, имааат и сало околу стомакот. Но тоа не значи дека истото ќе важи и за тие кои пливаат рекреативно, бидејќи сепак професоналците тренираат три до четири часа секој ден.
За оние кои секојдневно пливаат, разлика прави и стилот и брзината на пливањето во трошењето на калории, но и полот и нивото на вештина.
Пример потрошувачка на каории по пол за слободен стил на должина од 1852 метри:
Жени:
Натпреварувачки – 180 Kcal
Напредни пливачки – 160 Kcal
Просечни пливачки – 300 Kcal
Подпросечни пливачки – 360 Kcal
Лоши пливачки – 440 Kcal
Мажи:
Натпреварувачи – 280 Kcal
Напредни пливачи – 360 Kcal
Просечни пливачи – 440 Kcal
Подпросечни пливачи – 560 Kcal
Лоши пливачи – 720 Kcal
Причината зошто жените трошат значително помалку калории е поради повисокиот процент на масно ткиво кое ја зголемува пловноста, така што на мажот му треба повеќе работа за да остане на површината на водата отколку на жената.
Тоа е добра вест за натпреварувачите бидејќи заштедата на калории води до поголема потрошувачка на гориво во трката. Од друга страна, логично е и најмалку способните пливачи да трошат неспоредливо повеќе калории од поспособните. Тие едноставно се борат за опстанок, премногу мавтаат со рацете и нозете и трошат многу енергија со погрешна неконтролирана техника.
Во овој случај, поспособните пливачи го компензираат трошењето на калории за двојно повеќе од должината на пливачкиот дел.
Извор: Н1