Колку е здраво секој ден да јадете месо?

Особено во нашето поднебје ручекот без месо е незамислив, меѓутоа, доколку сте од оние кои секојдневно го консумираат, треба да се запрашате што му правите на вашето тело.

Имено, во својата книга „The Anti-Candida Diet“, нутриционистката Лиза Ричардс зборува за тоа што секојдневната исхрана со месо може да направи за вашето тело. Таа во својата книга напишала дека со консумирање месо добивате соодветни количества протеини и масти, што е добро за вашето тело, бидејќи протеините се неопходни за градење и зачувување на мускулната маса, а исто така помагаат да останете сити подолго време.

Иако месото содржи многу од амино киселините што му се потребни на вашето тело, тоа не е единствениот извор на аминокиселини. Истата количина на аминокиселини можете да ја најдете во други извори на протеини како јајца или тофу. Сепак, таа наведува дека секојдневното консумирање месо може да му наштети на вашето тело.

„Јадењето месо секој ден, особено месото со висока содржина на масти, може да предизвика лошо здравје на кожата поради дополнително лачење на природно масло или себум, што доведува до појава на акни и флеки“, предупредува Ричардс.

Исто така, објаснува дека диетите со висока содржина на заситени масти и холестерол се поврзани со дебелината и болестите кои ги предизвикува, како што се срцевите заболувања и хипертензијата.

Извор: b92.net

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни