Колку е лошо да се пие кафе на празен стомак?

Кафето влијае на нивото на желудочната киселина на неколку начини. Како резултат на тоа, некои луѓе можат да имаат проблеми со дигестијата што лесно се решава со избегнување на кофеин или можеби пиење кафе со храна

Било да немате време или едноставно не сте тип на личност која редовно појадува, вообичаено е да се пие кафе на празен стомак. Веројатно сте чуле дека не е добро за дигестивниот систем, но дали тоа навистина е така? Добрата вест е дека пиењето кафе на празен стомак не е нужно лошо за вас, и вашиот стомак обично може да се прилагоди и да се заштити. Меѓутоа, може да предизвика непријатност, па веројатно ќе сакате да ја промените вашата рутина во таков случај.

„Постојат многу придобивки од консумирање кафе за дигестивниот тракт. Кафето има лоша репутација поради кофеинот кој го содржи и затоа што често е претерано засладено, но се користи во медицината веќе векови“, велат гастроентеролозите.

Кафето влијае на нивото на желудочната киселина на неколку начини. Како резултат на тоа, некои луѓе можат да имаат проблеми со дигестијата што лесно се решава со избегнување на кофеин или можеби пиење кафе со храна.

Кофеинот поттикнува производство на хормонот гастрин кој е одговорен за создавање на желудочната киселина. Тој хормон помага во процесот на варење, но исто така ја зголемува киселоста на стомакот. Фенолите, соединенија присутни во кафето, исто така придонесуваат за нивото на киселина во дигестивниот систем.

Кога стомакот е изложен на киселина, може да се јави непријатност. Кафето има pH околу 5, додека желудочната киселина има pH околу 2, што го прави покисело. Сепак, секој реагира различно. Ако почувствувате надуеност, болки во горниот дел на стомакот или мачнини по пиењето кафе на празен стомак, веројатно имате проблеми со киселината.

Иако високата киселост не мора да биде проблем, важно е вашиот езофагус да не биде изложен на премногу киселина, бидејќи тоа може да предизвика оштетувања. Не постои опасност кафето да предизвика чиреви, но може да предизвика непријатност.

Студиите покажале дека кафето може да го опушти долниот езофагеален сфинктер, што овозможува храната да се врати во езофагусот и да предизвика киселини. Значи, пиењето кафе на празен стомак ја зголемува производството на желудочната киселина, што може да предизвика непријатност кај некои луѓе. Ако припаѓате на таа група, обидете се да пиете кафе со оброк.

Изборот на потемни зрна кафе наместо посветли може да му помогне на вашиот стомак бидејќи потемните зрна имаат помала киселост. Исто така, ладно подготвеното кафе има помала киселост од топлото кафе, според истражувањата.

Ако ни тоа не помага, можеби треба да размислите да го замените кафето со друг пијалак. Чајот е добра алтернатива за кафето ако кафето ви предизвикува дигестивни проблеми по пиењето на празен стомак.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни