Колку должат нафтените компании за штетата што ја предизвикуват?

Најголемите светски компании за фосилни горива должат најмалку 209 милијарди долари годишно за „климатски репарации“, односно за штетите што нивните работни активности им ги нанесат на луѓето. Методологијата ја исклучува економската вредност на изгубените животи, исчезнувањето на животинските и растителните видови, но и загубите кои не се вклучени во БДП.

Истражувањето, објавено во списанието „One Earth“, е првото што се обидува да ги процени економските штети предизвикан од вадењето на фосилни горива од 21 најзагадувачка компанија, пишува весникот „Гардијан“.

Меѓу најголемите се компаниите како Бритиш Петролеум (BP), Шел (Shell), ЕксонМобил (ExxonMobil), државната нафтена компанија на Саудиска Арабија или Шеврон (Chevron).

„Ова е само врвот на долгорочното оштетување на климата, трошоците за ублажување и адаптација од штетите“, рече коавторот Ричард Хиде, ко-основач и директор на Институтот за отчетност за климата.

Студијата се заснова на базата на податоци за јаглерод, која ги бележи емисиите на штетни гасови од компаниите за нафта, гас и масла од 1988 година, кога е основан Меѓународниот план за климатски промени.

Според проценките овие загадувачи предизвикале штети од 5,4 трилиони долари, а последиците се изразени во суши, шумски пожари, пораст на нивото на морето и топење на глечерите. Сепак ова се само дел од климатски катастрофи кои ќе добијат интензитет во периодот меѓу 2025 и 2050 година.

Ваквите економски загуби Гардијан ги спореди со експлоатацијата на робовите во колонијалните земји.

Од друга страна, Ројтерс известува дека Ексон ги отфрли повиците на инвеститорите да ги разгледаат ризиците од климатските промени и мерките потребни за нивно решавање, велејќи дека е малку веројатно да се постигне нето-нулта штетни гасови на светско ниво до 2050 година.

„Малку е веројатно дека општеството би прифатило намалување на квалитетот на глобалните животни стандарди кои се неопходни за трајно постигнување на посакуваното сценарио“, рече Ексон.

Но според тој план тоа ќе значи помалку енергија добиена од фосилни горива и нестабилност на БДП. Цените ќе се намалуваат, бидејќи ќе се намали и побарувачката за фосилни горива, а „обичните“ луѓе ќе мораат да произведуваат енергија за своите потреби.

Извор: n1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни