Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах во Либан, кој е договорен на 60 дена, беше поздравен во Либан, Израел и пошироко, и за оние кои беа протерани од двете страни на границата и како чекор кон регионалната стабилност. Постојат дури и некои оптимистички тврдења дека тоа може да помогне да се постигне прекин на огнот во Газа. Но, како што започнува примирјето во Либан, останува огромна задача: реконструкција на разурнатиот регион на земја која скоро и да е пропадната држава.
Од почетокот на конфликтот меѓу Хезболах и Израел најмалку 1,2 милиони Либанци ги напуштиле своите домови, а раселени се околу 96.000 Израелци на израелската страна на границата. Според Меѓународната организација за миграција, повеќе од една петтина од внатрешно раселените лица во Либан се во колективни засолништа, а повеќе од една третина се деца. Иако претседателот на либанскиот парламент Набих Бери ги повика расселените да се вратат во своите домови, либанската влада и војска, како и израелската војска, ги предупредија луѓето да не брзаат да се враќаат во областите зафатени од војната.
Според Меѓународниот комитет на Црвениот крст, пак, во јужен Либан се уништени повеќе од 100.000 домови. Ситуацијата е најалармантна во граничната област, која Израел се обидува да ја расчисти за да спречи прекугранични напади на Хезболах во иднина.