Колку чинат олимписките медали?

Фото: @Olympics | Thomas Deschamps

Да се освои златен медал на Олимписки игри е сон за секој спортист, но реалната вредност на олимпиското злато би можела да ве изненади, пишува LADBible.

Златните медали кои ги освојуваат спортистите всушност не се златни, иако се обоени така. Според правилата, златниот медал на Олимписките игри мора да биде направен од најмалку 92,5 отсто сребро, а мора да содржи околу шест грама злато. За разлика од златните, сребрените и бронзените медали се потполно изработени од своите одговарачки метали.

На минатите Олимписки игри во Токио, вредноста на златните медали изнесуваше околу 540 фунти, сребрените вредеа околу 297 фунти, додека бронзените биле вредни само пет фунти.

Но, и покрај тоа што металот во медалите можеби не вреди толку, сепак историски медалите кои се продавале достигнувале неверојатна вредност. Во 2013 година еден од златните медали на Џеси Овенс од Олимписките игри во Берлин во 1936 година, кој го освои пред Адолф Хитлер, беше продаден за 1,46 милиони долари.

Дизајнот на овогодинешните медали се едноставни. Во средината се наоѓа шестоаголник, а секој медал содржи дел метал од Ајфеловата кула. Поради тоа, медалите тежат дополнителни 18 грама и на едноставен начин го претставуваат градот домаќин.

„Да се има златен медал само по себе е нешто неверојатно. Но, би сакале на медалите да им дадеме нешто француско и сметавме дека елемент од Ајфеловата кула ќе биде точката на и“ изјави Јоаким Ронцин, шеф на дизајн во организацискиот одбор на Олимписките игри во Париз.

Најново

Последни колумни