Колку често треба да се капат децата?

Фото: Freepik

Педијатарот Сем Хај вели дека новороденчињата треба да се капат на секои два до три дена со маска кои чистат, смируваат и ја хидратизираат кожата истовремено.

„Важно е да не се трие кожата премногу. За бебешката кожа, дури и најмеката крпа може да биде како шмиргла“ вели Хај.

Кога децата ќе пораснат во предшколска или школска воздраст, дневното капење може да изгледа како потреба, но лекарот повторно тврди дека и тоа е премногу.

„Од медицинска перспектива, повторно, капењето на секои два до три дена е сосема доволно“ вели Хај.

Потоа доаѓаат тинејџерските години, хормоналните промени, потењето, проблеми со кожата како акни и слично, поради што Хај вели дека тинејџерите треба да се бањаат секој ден.

„Важно е да се користат нежни гелови за туширање за нивната многу чувствителна кожа која е подложна на акни. Но, претераното капење може да доведе до спротивен ефект и да ја оштети кожата. Таа е многу деликатен орган“ вели Хај.

Според него пречестото капење може да влијае на намалување на природните масла на кожата, кои ја чуваат од сушење, воспаленија и инфекции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни