Колку часа пред вадење крв треба да избегнувате кафе?

Често се прашуваме дали има вистина во советите дека пред вадење на крвта треба да избегнувањето шоља кафе. Експертите велат – да, бидејќи кафето може да влијае на резултатите од тестовите на крвта. Имено, кофеинот, главната активна состојка во кафето, може да предизвика промени во вредностите на одредени параметри.

Пиењето кафе пред земањето на крв може, на пример, да ги зголеми нивоата на гликоза, хормоните на стрес како кортизол и адреналин и нивото на ЛДЛ холестерол. Дополнително, како диуретик, кафето може да доведе до блага дехидрација, што влијае на нивоата на електролити, како натриум и калиум, како и на концентрацијата на црвените крвни зрнца и хематокритот (волуменот на црвените крвни зрнца во единица од цела крв).

Експертите препорачуваат избегнување на кафе најмалку 8 до 12 часа пред тест на крвта, особено кога се прават тестови кои го мерат нивото на гликоза, липиди или хормони. Оваа временска рамка му овозможува на телото да се врати во неутрална состојба, обезбедувајќи попрецизни резултати.

Дали треба да пиеме вода?

За разлика од кафето, водата нема негативно влијание врз анализата на крвта. Напротив, пиењето вода пред вадењето крв помага да се одржи хидратацијата, што го олеснува пронаоѓањето на вените и го прави процесот на земање примерок побрз и поедноставен.

Ако сакате резултатите од тестовите на крвта да бидат точни, оставете ја настрана утринската шолја кафе и наместо тоа пијте чаша вода – вашето тело ќе ви се заблагодари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни