Колку ќе ја чинат ЕУ царините на Трамп?

Според податоците на „Bloomberg”, царините на Трамп може да погодат дури 29,3 милијарди долари (28 милијарди евра) извоз од овој блок

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера вечер изјави дека одлучи да воведе царини од 25 отсто на увоз на стоки од ЕУ и додаде дека овие тарифи особено ќе бидат насочени кон увозот на автомобили.

„Донесеовме одлука и наскоро ќе ја објавиме“, рече американскиот претседател за време на денешниот состанок на својот кабинет, пренесува Гвардијан.

Според неговите зборови, царините ќе се применуваат на сите стоки, но тој особено ја нагласи дека ќе ги погоди европските производители на автомобили.

Тој ја критикуваше ЕУ како ентитет што е „формиран за да ги измами Соединетите Држави”.

ЕУ е третиот најголем трговски партнер на САД, по Кина. Трамп изјави дека следната недела ќе воведе 25 отсто царина на двата најголеми трговски партнери на САД – Канада и Мексико.

Трамп не даде дополнителни детали, но спомена дека царините ќе се применуваат „генерално” и ги спомена автомобилските производители. Трамп даде неколку соопштенија за воведување царини на најголемите трговски партнери на САД, но повеќе пати го одложи воведувањето на овие такси за Канада и Мексико.

Според податоците на „Bloomberg”, царините на Трамп може да погодат дури 29,3 милијарди долари (28 милијарди евра) извоз од овој блок. ЕУ вети дека веднаш ќе одговори ако САД воведе царини на извозот од земјите членки.

„ЕУ не гледа никакво оправдување за воведување царини на нејзиниот извоз. Ќе реагираме за да ги заштитиме интересите на европските компании, работници и потрошувачи од неоправдани мерки”, соопшти извршната власт на овој блок на почетокот на месецот.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека ЕУ треба да направи сè што може за да избегне „целосно непотребни и глупи трговски војни“.

Многу економисти, па дури и конзервативни публикации, вклучувајќи го и „Wall Street Journal”, предупредија дека плановите на Трамп ризикуваат да ја оштетат американската економија. Во средата, Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social” го нападна уредничкиот напис на „Јournal”, кој тврди дека неговите царини на Канада и Мексико ќе имаат контраефект и се штетни за американската економија.

Повикувајќи се на аргументите, Трамп напиша: “Царините ќе натераат голем број производители на автомобили да се преселат во Мичиген, државата која лесно ја победив на претседателските избори”, напиша тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни