Веднаш зад Маск е Лари Елисон, основачот на Oracle, кој е на второто место со богатство од 297 милијарди долари.
Најбогатиот човек во светот е сопственикот на компаниите Tesla, SpaceX и социјалната мрежа X, Илон Маск, чие богатство моментално се проценува на 449 милијарди долари (388 милијарди евра). Основачот на компанијата Oracle, Лари Елисон е на второто место со 297 милијарди долари (256,7 милијарди евра), додека на третото место е основачот на компанијата Amazon, Џеф Безос, чие богатство се проценува на 265 милијарди долари (229 милијарди евра).
На четвртото и петтото место се коосновачите на Google, Лари Пејџ со 242 милијарди долари (209 милијарди евра) и Сергеј Брин со 226 милијарди долари (195,5 милијарди евра).
Основачот на „Мета“, Марк Цукерберг, е шестиот најбогат човек во светот со 220 милијарди долари (190 милијарди евра), додека францускиот милијардер Бернар Арно е седми со проценети 191 милијарда долари (165 милијарди евра). Арно е единствениот неамериканец меѓу 15-те најбогати луѓе во светот.
Основачот на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс е на 15-то место на најбогатите луѓе, со богатство проценето на 117 милијарди долари.
