Ирскиот актер Колин Фарел во својата кариера глумел многу ликови, но една улога му била најпредизвикувачка. Тој признава дека подготовките за улогата на Александар Македонски во филмот Александар на Оливер Стоун му била најтешка.
Фарел во интервју за Би-Би-Си открил дека улогата во Александар била најтешка во смисла на подготовка и работа со останатите ликови. Овој филм, кој излезе во 2004 година, доби многу критики, а Фарел признава дека се чувствувал како лош актер по лошите резултати на филмот.
„Тоа беше најголем предизвик во мојот живот. Сакам предизвици. Мислам дека удобноста е најголем непријател на актерите, бидејќи лесниот начин да се заврши нешто е секогаш достапен, но се надевам дека никогаш нема да го прифатам тоа. Ми се допаѓа што Александар бил човек со визија и не застанувал за ништо што му излегувало на патот“ вели Фарел.
Актерот додавал дека таа визија не му се засновала само на алчност и желба за поседување, туку на страста.