Која е количината на вино која треба да ја пиете за да го намалите ризикот од срцев удар?

Експертите од Универзитетот во Барселона откриле дека луѓето кои пијат мали до умерени количини вино имаат помал ризик од развој на сериозни срцеви проблеми од оние кои воопшто не пијат.

Чаша вино на ден може да го преполови ризикот од срцев удар, понекогаш делувајќи подобро од лековите, тврди студија. Но, мора да биде исполнет еден услов — определена количина.

Експертите од Универзитетот во Барселона откриле дека луѓето кои пијат мали до умерени количини вино имаат помал ризик од развој на сериозни срцеви проблеми од оние кои воопшто не пијат. Но, самоконтролата е клучна, а здравствените придобивки исчезнуваат ако се пие повеќе од една чаша дневно.

Насочени на ефектите на чаша вино дневно, истражувачите ја спровеле студијата на 1.232 испитаници за период од пет години, кои истовремено следеле здрава медитеранска исхрана. Резултатите покажале дека тие развиле значително помал ризик од кардиоваскуларни болести, срцев или мозочен удар.

Професор Рамон Еструх открил дека пиењето помеѓу пола и една полна чаша вино дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања во просек за 50% во споредба со луѓето кои воопшто не пијат.

Понекогашното консумирање вино, помалку од една чаша неделно, го намалува ризикот за околу 38%, покажала истата студија. Меѓутоа, не се развила заштита кај оние кои пијат повеќе од една чаша дневно.

„Пронајдовме многу поголем заштитен ефект на виното од оној што беше забележан во други студии. Намалувањето на ризикот за 50% е поголемо отколку што може да се постигне со некои лекови, како што се статините. Најновите истражувања покажуваат дека заштитните ефекти од консумирањето вино се забележуваат од 35. до 40. година од животот. Така што е важно да се напомене дека умерената консумација за жените секогаш треба да биде пола помала од таа за мажите, а виното треба да се пие со оброк“, напишал професор Еструх во European Heart Journal.

Истражувањата покажуваат дека грозјето, од кое се прави вино, е полно со антиоксиданти кои можат да бидат добри за срцето и крвните садови. Поради тоа, црвеното вино обично се смета за најздравото алкохолно пијалок.

Но, NHS (Националната здравствена служба) вели дека никој не треба да пие повеќе од шест чаши вино неделно.

„Студијата укажува на тоа дека мала до умерена консумација вино може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести, но не е паметно да се пие повеќе. Потполно е јасно и научно докажано дека прекумерната консумација на алкохол е штетна за здравјето на срцето“, вели Трејси Паркер од Британската фондација за срце.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни