Преку својот Истаграм профил Бунт заедно со Марко Наситќ и Andrew Meller, ги повикаа сите уметници, граѓани и медиуми да ги бојкотираат музичките фестивали кои се под контрола на власта во Србија.
Тие бараат крај на париската власт над фестивалите, враќање на уметноста на уметниците и културата да не биде ПР на партиите.
,,Време е да го раскинеме монополот над звукот и просторот. Секоја купена карта оди директно во буџетот за предизборна камања, затоа стоп со купување карти!” -пишува Бунт.
Бунт особено се осврнува на Егзит пишувајќи:
,,, Фестивалот кој се претставува како плод на студентските протести ,, се сети” да ги поддржи студентите дури по неколку месеци, откако ја изгубија публиката, артистите и профитот” пишува Бунт.
Тие ја изнесуваат и сопственичката структура на Егзит.
,,,Мнозинскиот сопственик, Миленко Шкариќ, преку своите фирми СBGB D.O.O Beograd, блиски на SNS, ги опслужува ЕГЗИТ и собирите на Српската напредна странка” пишува Бунт.
Кога продажбата на карти оди лошо, најавуваат дека е ,, последен фестивал” и истата приказна се повторува со години.
Домашните артисти, пишува Бунт не настапуваат на локалните фестивали заради малите хонорари а годинава многу од нив добиле закани ако не настапат.
,,Ова не е прашање на музички вкус, туку политика на свесност” објави Бунт заедно со Марко Наситќ и Andrew Meller.