Колекционерот кој купи банана од 6,2 милиони долари сака да купи уште 100.000

Една недела откако Џастин Сан, кинески претприемач, со криптовалути купи уметничко дело составено од свежа банана залепена за ѕид со селотејп за 6,2 милиони долари на аукција, на мрежата Х објави голем гест. Рече дека планира да купи 100.000 банани, или производи во вредност од 25.000 долари, од штандот на Менхетен каде оригиналното овошје се продавало за 25 центи.

Сепак неговата желба е тешко остварлива. 74-годишниот Шах Алам, кој е вработен на штандот за овошје, а кој ја продаде оригиналната банана користена во „Комедијан“, вели дека ќе бидат потребни илјадници долари да се набават толку банани од големопродажниот пазар во Бронкс. Дополнително, тешко би било да се донесат толку банани оддеднаш, бидејќи се спакувани во кутии од околу 100 банани. Дополнително, како што рекол Алам, сите пари според правата му припаѓаат на сопственикот на овоштарникот, а не нему како вработен. Тој заработувал 12 долари на час за време на 12-часовни смени.

Сепак, сопственикот на штандот којшто, се наоѓа во Њујорк, Мохамад Р. Ислам, рекол дека секоја добивка ќе ја подели меѓу себе, г-дин Алам и останатите шест луѓе коишто се вработени на неговите два овоштарници. Но засега, никој не го контактирал за намерата да се купат 100 илјади банани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни