Директорот на Завод и музеј за СДК.мк изјавил дека дека огнот го запалиле со поставена изолација за да не дојде до никакво оштетување на Пациото.
„Сакавме со вработените да се одбележи коледарската традиција. Поставивме целосна изолација, со тервол и песок, поткачено во буре, никаква искра немаше, сѐ беше заштитено и ништо не се оштети“, рече директорот Зоран Николовски.
Овој простор е дел од некогашното воено училиште старо 178 години, каде во минатото учел реформаторот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататрук. Пациото денес служи за одржување културни настани.
Извор: СДК.мк