Коле Ангеловски, лауреат на Фестивалот Денови на комедија Куманово

Режисерот и актер Коле Ангеловски (80) ја доби наградата „Васил Иљоски“ за особен придонес во театарска уметност, посебно во делот на комедиографијата, и стана лауреат на годинешниот 26. Меѓународен театарски фестивал „Деновите на комедија“ во Куманово.

Коле Ангеловски е и еден од основачите на овој Фестивал на комедијата кој оваа година го има своето 26 издание. Ангеловски со неговиот придонес во театарската уметност потврдува дека е еден од најзначајните уметници кои со своето дело остави неизбршив траг во нашата театарска и филмска уметност.

Одлуката ја донесе Советот на фестивалот во состав: Благоја Чоревски, Ивица Димитријевиќ, Александра Пешевска, Цоки Ристовски и Јакуп Јакупи.

„Јас скоро цел живот работам комедија. А, на овој фестивал веројатно имам повеќе претстави отколку што фестивалот има години. Имав по најмалку две претстави годишно, а една година учествував со четири претстави. Сакам кога луѓето се задоволни, кога се смеат, кога се среќни. Дури и кога времињата не беа многу среќни, а салата беше полна, публиката седеше на скалите во салата и реагираше на секој актерски штос што ми прави големо задоволство. Скоро со сите театри од Македонија сум гостувал на ова сцена“, рече Ангеловски.

Коле Ангеловски снимил околу 60 филма, од кои во 40-тина играл главна улога, неколку филма режирал, играл во 130 претстави и превел 60-тина текстови кои се поставени на сцените на театрите во Македонија. Досега напишал 2 книги и работи на третата.

Наградата „Васил Иљоски“ на „Денови на комедијата“ се воведе од 2018 година и досега признанија добиле: Љубица Гојковиќ, Ѓорѓи Андов, Илија Струмениковски, Шенка Колозова и Благоја Чоревски.

Наградата на Коле Ангеловски ќе му биде доделена на отворањето на Фестивалот Денови на комедија на 27 септември, во голема сала на Центар за култура Куманово, а на отворањето на Фестивалот ќе настапи велешкиот театар со претставата Синиот портокал.

Од минатата година фестивалот доби и натпреварувачки карактер. Годинава фесталот ќе се одржи од 27 септември до 15 октомври и ќе се одиграат 11 претстави од регионот.

Најново

Последни колумни