Колдплеј го објавија 10тиот и најавија пензионирање по 12тиот албум

Фронтментот на Колдплеј најави дека 12-тиот албум на бендот ќе биде и последен албум кој бендот ќе го објави.

„Ќе снимиме 12 албуми и тоа е тоа“, рече тој во интервју за Apple Music за најавата за новиот албум. Нивниот десетти албум, Moon Music, беше објавен денес, најавувајќи дека фановите ќе може да очекуваат уште два нивни студиски албуми.

На прашањето зошто бендот си наметнува лимит, Мартин рече:

„Постојат само седум книги за Хари Потер. Има само 12 и пол албуми на Битлси, исто толку колку и Боб Марли, сите тие се наши идоли. Исто така, таквото ограничување наметнува и квалитет. Песната мора да биде навистина добра за да се најде на тие албуми бидејќи има ограничен број места. Не сакам да се мачиме и да работиме напорно на 60 години“, вели тој.

Сепак, Мартин најави и дека нема да престане да се занимава со музика.

„Секогаш ќе го правам тоа на некој начин, но нешто е поинаку со Колдплеј“, заклучи тој.

Колдплеј е англиски алтернативен рок бенд, основан во 1996 година во Лондон. Групата ја сочинуваат пејачот, клавијатурист и гитарист Крис Мартин, гитаристот Џони Бакланд, басистот Гај Бериман и тапанарот Вил Чемпион. Новиот албум Moon Music ќе содржи 10 песни. Се шпекулираше за аванс од 35 милиони фунти за албумот, што ако е вистина е најголемиот аванс за албум во историјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни