Колапс на „Богородица“: Километарски колони и часови чекање кон Грција

Долги колони и повеќечасовно чекање на граничниот премин „Богородица“ кон Грција. Гужви има и на Дојран, додека „Меџитлија“ засега е помалку оптоварен.

Километарски колони и повеќечасовно чекање се регистрирани на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, каде голем број граѓани го користат продолжениот викенд за патување.

Најголемиот метеж е токму на овој премин, каде чекањето за влез во Грција трае со часови.

Зголемен сообраќај има и на граничниот премин Дојран, кој често се користи како алтернативна рута, но и таму се формираат колони. Нешто помал интензитет на возила има на преминот „Меџитлија“ кај Битола, каде засега се бележи полесен проток.

За граѓаните кои допрва планираат да патуваат, се препорачува претходно да ја проверат состојбата на граничните премини преку камерите на Јавното претпријатие за државни патишта, како и да бидат подготвени за подолго чекање.

Надлежните советуваат патниците да понесат доволно вода и да ги планираат патувањата во помалку фреквентни термини, со цел да се избегнат најголемите гужви.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни