141 година од раѓањето на модната икона

Коко Шанел, жената која го предизвика модниот свет

На денешен ден во 1883 година е родена Коко Шанел – жената која го предизвика модниот свет и засекогаш ја измени неговата историја. Нејзиното име станува бренд и синоним за револуција во модната индустрија. Коко Шанел го ослободила женското тело од строгите неудобни корсети и му дозволила да носи панталони. Таа ја измислила најпрактичната облека на светот. Го создала малиот црн фустан која стана уникатна „униформа” за сите жени што имаат вкус” и моден култ. Фустанот што ќе го носи целиот свет. Шанел ги измисли и костимите од груб твид, облеката од жерсеј, накитот, парфемот „Шанел 5“ и една од најзначајните работи- ставот што жената треба го има кон себе.

„Снајди се со она што го имаш„ – била модната формула на Коко Шанел, кога на стариот фустан му го исекла деколтето и во него го додала предниот дел од машка кошула со јака и копчиња. Во време кога жените се уште носеле корсети во кои не можеле да дишат, Коко Шанел им ги „соблекла“ корсетите и непотребни украси и ги облекла во едноставен црн футан, кој стана синоним за женската мода. „Тој едноставен фустан ќе стане уникатна „униформа” за сите жени што имаат вкус”, најави самоуверено француската модна дизајнерка, во далечната 1926 година за читателите на американскиот магазин „Вог”.

Така се родил андрогениот стил, сосема спротивен на стегнатите корсети. Коко Шанел го ослободила женското тело, му дозволила да носи панталони и ја измислила најпрактичната облека на светот. Од малиот црн фустан и костимите од груб твид кои ги украсувала со златни копчиња. Палтото што денеска го нарекуваме „Шанел”, без околувратник, изработено најчесто од волнени материјали, односно твид, е најпопуларното парче што жените ќе го носат по Втората светска војна. Меѓу нив Одри Хепберн, Грејс Кели и Џеки Кенеди. Таа не го измисли накитот, но од него направи моден култ. Речиси на секоја фотографија, Коко Шанел носи бисери. Бисерите што ги носела не биле вистински, па за да им овозможи и на другите жени да носат евтин накит, со кој ќе ги збогатат дневните комбинации, почнува да се занимава со дизајнирање на бижутерија. Синџири, стакленца, монистра – сето тоа го вклоопувала во дневната, лежерна облека. Дизајнерката која носи удобност на женската облека и почнува да создава женска облека од жерсеј, наместо дотогашните крути материјали. Ова сосема ги просветлило жените, кои што дотогаш носеле скапи, но не и удобни материјали. Она што можеби е најпознато е парфемот „Шанел бр.5“. Идејата дека жените треба да мирисаат убаво во секое време трае до денес. И можеби најзначајната работа која Коко Шанел ја донела на жените, е ставот што жената го има кон себе. Да изгледа дотерано, да биде елегантна – едноставно да биде дама, која има став.

Габриел Бонер Коко Шанел (француски: Gabrielle Bonheur „Coco“ Chanel) е родена на 19 август 1883 година во малото гратче Самур во Франција, како втората ќерка на Алберт Шанел и Жан Девол, сопственик на тезга на пазарот и перачка. Имала 5 браќа сестри. Нејзината мајка починала од туберкулоза и нејзиниот татко го напушти семејството. Поради ова, малата Шанел помина шест години во сиропиталиште во Римокатоличката црква во Абазин, каде што го научила занаетот за шивачка. Годишните училишни одмори ги поминувала со роднините во главниот град на провинцијата, каде жените ја научиле Коко да шие толку убаво дури поубаво и од монахињите во манастирот. Кога Коко наполнила 18 години, го напуштила сиропиталиштето заминала во градот Мулен за да стане кабаре пејачка. Настапувала во клубови во Виши и Мулен каде што ја нарекувале Коко. Во Мулен го сретнала младиот и богат Француз текстил наследник Етиен Балсан, на кого подоцна му стана призната љубовница, задржувајќи ја нејзината дневна работа во кројачка. Балсан дарежливо ја опсипувал со убавините на богатиот живот дијаманти, фустани и бисери. Додека живеела со Балсан, Шанел почнала да дизајнира шапки како хоби, што подоцна се покажало како клучно за нејзиниот развој во светот на модата. Наскоро Коко го напуштила Балсан и заминала во Париз, каде започнала афера со еден од пријателите на Балсан, Капетан Артур Едвард Бој Капел. Аферата траела 9 години, но дури и кога Капел се ожени со убава англиска аристократка во 1918, тој не се разделил од Шанел. Неговата смрт во автомобилска несреќа, кон крајот на 1919, бил најуништувачкиот момент во животот на Шанел.

Таа станала лиценциран кројач ( шапкар) во 1910 година и отворила бутик на 21 улица Камбон, Париз наречен Chanel Modes. Шивачката кариера на Шанел почнала да напредува брзо кога глумицата од театар Габриел Доризат почнала да ги носи моделираните шапки во Нозиервата претстава Bel Ami во 1912 (Подоцна, Доризат ги носи повтроно нејзините шапки во Les Modes). Во 1913, таа оформува бутик во Довил каде што ја претствавува нејзинта луксузна кежуал облека која погодна за спорт. Шанел ја лансира својата кариера како моден дизјанер кога го отвора нејзиниот следен бутик, Наречен Chanel-Biarritz, во 1915 година кој се грижи за богатата Шпанска клиентела кои летувале во Biarritz и не билеа под влијание од војната. Модерно како Довил, Шанел создава општена кежуал облека направена од жерсе, материјал типичен за машката долна облека.

Во 1920 била претставена на светски познатиот композитор Игор Стравински (кој ја компонираше Пролетен Обред) од страна на балетскиот импресарио Сергеј Диачлиев. Коко се забавувала со едни од најпознатите мажи на тоа време, но никогаш не се омажила. Кога пример ја прашаа зошто не се омажила за Војводата од Вестминистер, таа одговорила – има неколку Војводи од Вестминистер, но само една Шанел.

Во 1925 година, Вера Бате Ломбарди, родена како Сара Гертруда Аркврајт, наводно вонбрачна ќерка на Маркизот од Кембриџ, станала муза на Шанел. Шанел го основа Англискиот изглед ( English look), заснован на личниот стил на Ломбарди. Ломбарди ја запознала Шанел со нејзиниот чичко, Војводата од Вестминистер, со нејзиниот братучед Војводата од Виндзор и со многу други аристократски семејства.

Во 1939 година, на почетокот на Втората светска војна, Шанели ги затворила своите продавници. Верувала дека не е време за мода. Живеела во хотелот „Риц“ во Париз постојано повеќе од 30 години, правејќи го хотелот нејзин париски дом дури и за време на германската окупација. За тоа време, таа била обвинувана за аферата со Ханс Гантер вод Динклиџ германски офицер и нацистички шпион кој средил таа да остане во хотелот. Во 1943 година, по четири години на професионалана пауза, Шанел ја контактира Ломбарди, која живеела во Рим и ја поканила да дојде во Париз и да ја обноват нивната работа. Ова била всушност завера на Операцијата Моделхут, обид на Нацистот веле шпион Валтер Шеленберг да направи таен контакт со роднината на Ломбарди Винстон Черчил. Кога Ломбарди ја одбила понудата, била уапсена како британски шпион од страна на Гестапо. Шанел подоцна била обинета како соработник, но го избегнала судењето поради интервенција на британското кралско семејство.

Шанел беше блиска пријателка со Валтер Шеленберг до крајот на неговиот живот. Кога тој почина од рак во Торино, Шанел платила за неговиот погреб. Некои твдрења сугерираат дека Коко Шанел била блиска со уште еден нацист, Валтер Кутчман. Валтер Кутчман кој е одговорен за убиства на илјадници Полски евреи во почетокот на Вторта светска војна. Тој бил преместен во Франција 1943 каде што станал Париски СС контакт на Шанел.

Во 1945 година, Коко Шанел се преселила во Швајцарија, за да конечно се врати во Париз 1954 година, годината кога се вратила и во модниот свет. Нејзината нова колекцја немала голем успех со Паризјаните поради нејзината врска со нацистите. Била и многу популарна кај Британците и Американците, кои станале нејзини верни потрошувачи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни