Коко има 27 години и живее во Шангај, Кина. Таа е туристка во Скопје и ужива во посетата на нашиот главен град. Кога и раскажавме за нашата рубрика „Насмевни се“ преку која случајно избрани граѓани на улица испраќаат насмевки и позитивни пораки до читателите, таа со воодушевување позираше за да испрати насмевка до читателите, пред се затоа што мисли дека во Македонија живеат љубезни луѓе.
„Навистина мислам дека во Скопје луѓето се љубезни и речиси со секого со кого имам некаква комуникација ме засмејува, затоа ќе одговорам дека деновиве се смеам со љубезните скопјани. А она за кое сонувам се патувања низ светот, впрочем какво што ми е ова во Македонија“- поразговара Коко со нас пред да продолжи да ужива во убавините на Скопје.