Луана Лопес Лара, 29-годишна поранешна балерина од Бразил, стана најмладата жена во светот која самостојно заработила милијарда долари, престигнувајќи ја реалити ѕвездата Кајли Џенер и пејачката Тејлор Свифт, објави „Форбс“.
Лара е коосновач на платформата за тргување и предвидување на настани од реалниот свет „Kalshi“, која е проценета на 11 милијарди долари.
Нејзиниот удел од 12% се проценува на околу 1,3 милијарди долари, пренесе „Дејли мејл“.
„Kalshi“ им овозможува на корисниците да се обложуваат на избори, спортски натпревари и други настани, комбинирајќи финансиско тргување со предвидувања.
Лара се школувала во училиштето Болшој театар во Бразил, а потоа се преселила во САД на 17 години за студии.
Заедно со колегата Тарек Мансур, го лансирала „Kalshi“ и првите две години не лансирале ништо.
„Kalshi“ добил федерално одобрување во 2020 година, а во 2024 година преку судска одлука добил право на изборни пазари, пишува Танјуг.
Обемот на тргување пораснал за 1.000%, достигнувајќи над милијарда долари неделно.
