Која е Јифат Томер-Јерушалми, израелската офицерка што објави снимки од мачење на палестински притвореник

Израелската полиција уапси поранешна висока правничка на израелската армија откако таа објави видео кое прикажува израелски војници како малтретираат палестински притвореник. Јифат Томер-Јерушалми минатата недела во писмото за оставка изјави дека го одобрила објавувањето на видеото со цел да ги ублажи нападите врз воените истражители и обвинители кои работат на случајот.

Томер-Јерушалми го објавила видеото во август 2024 година, по серија протести, наведувајќи во оставката дека тоа било „обид за разобличување на лажната пропаганда против воените органи за спроведување на законот“.

Кој е Јифат Томер-Јерушалми

Томер-Јерушалми, жителка на Рамат Хашарон, влезе во историјата во 2021 година кога стана првата жена на функцијата главна правничка (воена обвинителка) на израелската армија.

Педесет и едногодишната офицерка, мажена и мајка на три деца, ја замени Шарон Афек на таа позиција во септември 2021 година. Во тоа време, медиумите ја опишаа како извонредна кандидатка со импресивна биографија и лични квалитети, пишува The Jerusalem Post

Нејзиниот подем во правниот оддел на IDF

Родена во Нетанија во 1974 година, Томер-Јерушалми дипломирала право на Еврејскиот универзитет во Ерусалим, а во 1996 година се приклучила на правниот оддел на Израелските одбранбени сили (IDF).

Во 1999 година стекнала магистратура по право на Универзитетот во Тел Авив, а во 2003 година и втора магистратура по воено право на Правниот центар и Школата на главниот адвокат на американската армија во Шарлотсвил, Вирџинија.

Во IDF првично извршувала две клучни улоги – работела директно со главниот воен обвинител, а потоа и со тогашниот MAG (Military Advocate General) Менахем Финкелштајн, кој подоцна станал окружен судија.

Од 2007 до 2015 година служела како судијка во воените судови, каде што повеќепати била унапредувана. Во 2015 година се вратила во правниот оддел како шефица на секторот за правно советување со чин полковник.
Во јули 2019 година, тогашниот началник на Генералштабот Авив Кохави ја именувал да се занимава со родови прашања во рамките на целата армија.

Во 2021 година станала втората жена во историјата на IDF која добила чин генерал-мајор, веднаш по Орна Барбивај, поранешна шефица на Директоратот за човечки ресурси и пратеничка од партијата Yesh Atid.

Случајот „Сде Тејман“ и оставката

Во петокот, Томер-Јерушалми поднела оставка околу еден час откако министерот за одбрана Исраел Кац се обидел да ја отпушти, откако таа признала дека го одобрила објавувањето на видеото што детално го прикажува злоставувањето на палестински затвореници во воената база Сде Тејман.

„Јас го одобрив протекувањето на доказите до медиумите во обид да се спротивставам на лажната пропаганда против службениците за спроведување на законот во армијата“, напишала таа во оставката.
„Преземам целосна одговорност за сите материјали што оваа единица ги испрати до медиумите. Врз основа на таа одговорност, одлучив да ја завршам својата улога како MAG.“

Одлуката на Кац уследила по серија настани кои го потресоа израелскиот одбранбен естаблишмент. Во средата, началникот на Генералштабот Херци Халеви Замир ја суспендирал Томер-Јерушалми поради истрага што ја покрена државната обвинителка Гали Бахарав-Миара во врска со протекувањето на видеото.

Не е јасно зошто Томер-Јерушалми била суспендирана дури сега, со оглед дека случајот „Сде Тејман“ доспеа во јавноста уште во јули 2024 година. Според Jerusalem Post, нејзината портпаролка неодамна ѝ соопштила на израелската безбедносна служба Шин Бет детали за протекувањет

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни