„Глумците пеат“ започна како иницијатива на група ентузијасти предводени од Марин Бабиќ, со идеја актерите да се претстават и како музичари. Првото издание се одржа на 26 март 1992 во Универзална сала во Скопје, со учество на повеќе од 30 актери од театрите во Македонија.
Идеја што брзо стана традиција
Иницијативата започнала во 1991 година, со намера настанот да се одржи во чест на Светскиот ден на театарот, 27 март, но како негова најава, на 26 март.
Првото издание веднаш предизвикало голем интерес. Универзална сала била преполна, а на сцената настапиле повеќе од 30 актери од различни театри низ Македонија.
Владимир Дади Ангеловски бил првиот што настапил, со песната „Стариот Пјер“. Иако имал голема трема, како и неговите колеги, атмосферата во салата целосно го променила текот на настапот.
Публиката реагирала со силен аплауз уште од првите моменти, кој продолжил и по неговата изведба.
Дениз се потруди да го провери нивното знаење со прашањето: Кој глумец прв пеел на Глумците пеат во 1992 година?
Аплауз што не завршил со последната точка
Аплаузите не престанувале ни за останатите актери.
По завршувањето на програмата, публиката не сакала да ја напушти салата, па актерите одлучиле да изведат дел од точките повторно на бис.
Таа прва вечер ја поставила основата за настан што подоцна ќе стане традиција.