Не ретко се случува некој производ од Југославија да стане тема на разговор во остатокот од светот, но она што ги фасцинираше многумина овој пат е предмет кој и понатаму работи. Во центарот на вниманието на интернетот се најдоа два фена за коса, произведени пред повеќе од четири децении, на различни страни на Југославија, а заедничко им е тоа што двата работат, пренесува Citymagazin.
На мрежата Reddit, еден корисник дојде до примерок на фен произведен во Доњи Милановац, а она што го зачуди е дека иако изгледа како да е направен пред пола век, и понатаму работи.
Овој фен е произведен во „Фабрика за електро производи“ Доњи Милановац, основана 1976 година. Фабриката започнала со работа и производство на пригушници и мали електрични мотори, а потоа асортиманот се проширил. Почнала со 120 работници, а бројот се зголемувал. Пред крајот, 2003 година, имала 270 вработени, а за време на приватизацијата 2008 година имала 178. Наравно, порано имало повеќе.
Фабриката била позната и како FEP, а самиот термин бил познат и од телевизиски реклами. Привлекувала внимание со симпатична крилатица „FEP штеди Ваш џеб“. Од друга страна, еден друг производ кој се користи за сушење коса, а произведен е во Југославија, стана вирален.
Овој фен за коса е произведен во време на Југославија, но и денес функционира, што не е изненадувачки со оглед на квалитетот на изработката.
Овој фен потекнува од некогашната фабрика „Руди Чајевец“ во Бањалука, која била една од најзначајните фабрики во регионот. Фабриката била голема, со површина од 84.000 квадратни метри, и вработувала повеќе од 10.000 луѓе. Производните погони не биле само во Бањалука, туку и во други градови како Фоча, Лакташ, Челинац, Шипово и Љубија.
Во текот на 1960-те, фабриката остварувала значајни годишни приходи, произведувајќи широк спектар на производи како телевизори, аудио појачала, опрема за автомобили, транзисторски радија и многу други. Денес овие простори се претворени во бутици и продавници, додека некогашната менза сега е место за прослави.