Koj град е „најпосакуван“ за живеење?

Сингапур го зазеде второто место, додека трето место го зазеде Рио де Жанеиро во Бразил

Речиси 168.000 луѓе гласаа во 22 категории Wanderlust Reader Travel Awards и дадоа 3 милиони гласови. Според резултатите од гласан, Токио е прогласен за „најпосакуван“ град во светот.

„И додека вечниот популарен храм Сенсо-џи во Асакуса или музеите во паркот Уено секогаш ќе привлекуваат посетители, ова е град кој никогаш не мирува. На пример, новообновената населба Азабудаи Хилс моментално развива возбудлива понуда на галерии, сместувачки капацитети и музеи кои ветуваат многу. Покрај тоа, мирните квартови како Шимокитава и Јанаке нудат увид во стар Токио, додека градината Рикугиен нуди зелен бег од неонската бука,“ се вели во описот на магазинот Wanderlust, со дополнение: „Ова е заслужена награда за град со ретка длабочина, каде древните храмови стојат покрај футуристички небодери, а врвната гастрономија се наоѓа покрај скриени продавници за рамени.“

И мора да се согласиме: Токио навистина е посебен. Што се однесува до другите најпосакувани градови во светот, Сингапур го зазеде второто место, додека трето место го зазеде Рио де Жанеиро во Бразил. Еве ја целосната листа на градови кои треба да се најдат на вашата листа за патувања:

Најпосакувани градови во светот според Wanderlust:

  • Токио
  • Сингапур
  • Рио де Жанеиро
  • Сиднеј
  • Кејптаун
  • Ванкувер
  • Буенос Ајрес
  • Њу Орлеанс
  • Хонг Конг
  • Чикаго

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни