Новообјавени дрон-снимки наводно покажуваат дека движењето во Ормуски теснец е под целосна контрола на вооружените сили на Иран. Според извештаи на The New York Times, американски воени бродови влегле во теснецот со цел да демонстрираат безбедност на пловидбата, но набрзо се повлекле откако бил забележан ирански дрон.
Наводно, присуството на дронот било доволно за американските разорувачи да ја напуштат областа, што дополнително ја засили перцепцијата за силното влијание на Техеран врз овој стратешки важен морски коридор.
Геополитичка порака од Техеран
Ормускиот теснец е една од најкритичните точки за глобалната енергетска безбедност, бидејќи преку него поминува значителен дел од светската трговија со нафта. Oвие снимки, доколку се потврдат, испраќаат јасна порака дека Иран има капацитет да го надгледува и потенцијално да го контролира сообраќајот низ теснецот.
Овој развој на настаните доаѓа во период на зголемени тензии меѓу САД и Иран, по неуспешните преговори и најавите за можна блокада на теснецот. Ситуацијата останува нестабилна, а секое дополнително заострување може да има сериозни последици врз глобалните пазари на енергенси и безбедноста на меѓународниот транспорт