Кој ги има овие стари мобилни телефони, ќе заработи илјадници евра! ​

Во светот на носталгијата и дигиталната историја, сè што некогаш било „застарено“ сега е „винтиџ“. Побарувачката е неочекувано голема

Побарувачката за најстарите модели на мобилни телефони меѓу колекционерите е толку голема што тие нудат стотици, па дури и илјадници евра за некои

Кога се појавија првите мобилни телефони пред дваесетина години, тие беа вистинско технолошко чудо. Овие први модели на уреди, како и конзоли и други гаџети во повеќето домаќинства стојат заборавени на таван или во фиока и собираат прашина.

Иако за многумина од нас, тие често ни пречат додека бараме нешто друго, сепак не ги фрламе од ѓубре од носталгична причина позната само на нас.

Тие вредат илјадници евра

Сепак, таа носталгична приврзаност кон застарените модели на телефони би можела да се исплати богато за оние кои сè уште ги имаат.

Имено, како што пишува британскиот Gumtree, со продажба на ретро технологија од деведесеттите и почетокот на 2000-тите, можно е да се заработат стотици, па дури и илјадници евра.

Побарувачката е неочекувано голема, а колекционерскиот пазар е сè пожив, особено кога станува збор за легендарни модели како што се Nokia 3310, Motorola Razr, BlackBerry уредите или првите iPhone телефони.

Иако денешните паметни телефони имаат неспоредливо повеќе можности, постарите модели сега се вредни токму затоа што се ретки и го симболизираат почетокот на дигиталното доба. Колекционерите не ги купуваат поради функционалност – туку поради приказна, дизајн и носталгија.

„Луѓето ретко купуваат стари телефони за да ги користат – во многу случаи тие веќе не би работеле. Постарите мобилни мрежи од прва, втора и трета генерација се затворени или постепено се укинуваат“, вели Вуд.

„Верувам дека во повеќето случаи тоа е комбинација од носталгија и надеж на колекционерите дека мобилните телефони ќе ја зголемат вредноста како што ќе стареат и ќе стануваат поретки“.

Според Дејли Меил, Вуд им советува на сите што имаат стар мобилен телефон дома едноставно да ја проверат неговата вредност на eBay.

Прво проверка на вредноста

„Постои жив пазар за стари мобилни телефони и брзо можете да најдете поволна цена за речиси секој модел“, вели тој.

„Иако во повеќето случаи веројатно ќе бидете разочарани, цените на онлајн аукциите се во пораст во последните неколку години, бидејќи луѓето се повеќе заинтересирани за собирање стара технологија.“

Цените на поединечните уреди можат да достигнат износи што никој не ги очекувал. Оригинален Apple iPhone од 2007 година, во беспрекорна состојба, може да се продаде за дури 10.000 фунти (околу 11.500 евра), додека луксузните модели Vertu Signature често надминуваат неколку илјади. Вредноста на ваквите уреди дополнително се зголемува ако се во оригиналното пакување, со неоштетено куќиште и комплетна документација.

Ни BlackBerry не е заборавен. Иако повеќе не се произведуваат, овие уреди станаа симбол на една ера – онаа пред паметните телефони. Класичните модели денес се продаваат за околу 30 фунти, додека ограничените изданија како BlackBerry Porsche Design можат да достигнат до 1.500 фунти (околу 1.700 евра). Токму овие специјални верзии станаа барани колекционерски предмети, а интересот продолжува да расте.

Се користи само за телефонски повици и СМС пораки

Во светот на носталгијата и дигиталната историја, сè што некогаш било „застарено“ сега е „винтиџ“. Луѓето се подготвени да платат изненадувачки високи суми за да се сетат на деновите кога мобилниот телефон се носел на ремен, а копчињата кликале под прстите.

И додека тогаш телефоните се користеле исклучиво за повици и СМС пораки, денес тие се доказ за тоа колку брзо се менува технологијата – и колку спомени можат да се сместат во стар уред со тастатура T9. Затоа, пред следниот пат да помислите да го фрлите вашиот стар Nokia или Sony Ericsson, можеби е мудро барем да проверите на eBay. Можеби чувате предмет во таа фиока што вреди повеќе отколку што мислите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни